Додека голем број од возачите на моторни санки можат да ги возат нивните возила директно од нивниот дом, голем е и бројот на оние кои мораат да ги транспортираат нивните возила од една на друга локација. Постојат 4 основни начини за транспортирање на моторни санки, тие се следниве:
1. Во товарниот дел на pickup возило
Само со pickup возило можете лесно да ја товарите, возите и растоварите вашата моторна санка.
2. Во палуба за санки во pickup возило
Исто така претставува лесен и едноставен начин за товарање, но освен тоа оваа опција ви овозможува да транспортирате дури 2 мобилни санки во исто време.
3. Во затворена приколка
Ова е најлесниот метод за транспорт на моторни санки. Затворените приколки исто така можат да се користат и за складирање, паркирање на моторната санка додека вие работите на неа, исто така можете да вршите транспорт на други машини или пак истата да ви служи како место за пресоблекување каде можете да се подготвите пред самото возење.
4. Во отворена приколка
Оваа опција е поефтина споредбено со претходната опција - затворена приколка, како плус оваа опција ви овозможува транспорт на повеќе санки и нивно еднотавно товарење и растоварување.
Исто така има и голем број аксесоари - додатоци кои можат да ви помогнат во процесот на транспортирање. Ski-doo - Heavy-Duty Ratchet Tie-Downs може да се користи за прицврстување на задниот дел на санката, или пак прицврстување на санката во pick-up кутија. Еден од нашите капаци "ROC" ride-on-covers ви овозможува да ја товарите и растоварите машината со капак за заштита на хаубата и внатрешните делови.Ски лизгалките (Ski glides) и влечните подлоги (traction pads) можат да го направат процесот на товарање и растоварање поедноставен и притоа да ја намалат можноста за настанување на штета. Сите овие практични аксесоари-додатоци за приколка можете да ги најдете во ski-doo каталогот за додатоци кај вашиот локален дилер - продавач или пак на овде на веб страната на ski-doo.
По пристигнувањето на вашата локација, моторната санка може да се истовари со отстранување на уредот за заклучување на скиите, отпуштање на рачната сопирачка и потоа возење на возилото за да „излезе“ надвор од транспортното возило. Некои приколки ви овозможуваат да возите за да излезете, односно нанапред надвор од палубата, некои пак како приколка со навалување ќе „бараат“ од вас да возите или пак да ја лизгате санката од задниот дел на транспортното возило-приколката. Процесот на товарање и истоварање на моторните санки е доста едноставен што го прави речиси природен, процес кој трае само неколку минути.