Can-Am Off-Road Adventure Berovo - Ski&Sea Skopje 2024

Со големо задоволство ве информираме дека на ден 14.04.24 во близина на Берово, на падините на Осоговските планини се одржа првион настан за оваа година кој го органиираше Off Road Malesh и Ski&Sea Skopje.

Настанот започна во 8 часот и траеше до 19 часот.

Благодарение на  Off Road Malesh од Берово кои имаа направено одлична стаза за тетс на возилата, каде што беа тестирани повеќе од 30 Can Am возила.

Стазата беше во должина од 2 километри и сите возила одлично ги поминуваа одредените препреки.

По одличното совладување на препреките учесниците на Can Am Off Road Day, се упатија во падините на Осоговските планини, покрај Беровското езеро на off road терен, во должина на 20 километри, на патот имаше и кратки паузи и освежување на учесниците со ладна вода и сок, кои беа спонзорирани од Ski&Sea Skopje.

По извозениот круг околи Беровското езеро учесниците и организаторите беа на ручек во Ресторан МРС во Берово.

За целиот настан и забава се погрижи локален DJ кој направи одлична забава.

За најдобрите возачи се доделија соодветни награди и признанија за учество и придонес.

 

Cam Am OFF ROAD DAY немаше натпреварувачки карактер, целта беше да се тестираат возилата, дружбата со нашите клиенти и одличната забава.

Локација: Берово

Старт: Плоштад Берово

Почеток: 09:00 h

Крај: 19:00 h

Се гледаме на следниот настан со повеќе учесници и возила...