Време е за забава

Дадете збор

Станете дел од BRP светот, дел од нашите колеги - членови на ISMA, бидете дел од големата заедница на моторни санки - вклучувајќи го и претседателот и извршниот директор на BRP -Joséa Boisjolija - во рамките на давањето заклетва за заштите и одржување на пристапот до нашите омилени зимски педели и патеки наменети за моторни санки.

Со самата појава и развој на целосни системи на стази за моторни санки, нашиот спорт зависеше од пристапот до приватни и јавни земјишта. Неовластениот пристап како и илегалното возење надвор од патеките го загрозуваат пристапот на моторните санки. Затоа ги замолуваме сите наши страствени возачи да застанат рамо до рамо со нас и да дадат ветување дека ќе возат само во оние предели каде е тоа дозволено и истото ќе го пенесат на идните генерации возачи на моторни санки.

ЗАКЛЕТВА

Сфаќам дека илегалното возење, возењето надвор од рамките на патеките наменети за моторни санки го затвара пристапот на сите моторни санки и освен тоа го загрозува слободното и безграничното возење. Тука станува збор не само за моите права или желби - туку станува збор за придобивките на целокупната заедница.

  • Ветувам дека ќе излезам од границите на самата патека за моторни санки само во пределите каде знам дека е легално и прифатливо.
  • Ветувам дека поверам пред да ја напуштам патеката, доколку не ја познавам околината во која се наоѓам.
  • Ветувам дека ќе обезбедам пристапот на идните генерации со тоа што ќе ги правам правилните работи
  • Ветувам дека го обезбедам пристапот и ќе ги поттикнам пријателите со кои се возам исто така да ја прифатат заклетвата

ШТО ЗНАЧИ ЗА НАШИТЕ АМБАСАДОРИ ПРЕЗЕМАЊЕТО НА ЗАЛОЖБАТА?

JASON RIBI

Lynx Backcountry возач од Британска Columbia

„Животот е лудо патување, моторните санки се моето прибежиште. Затоа ветувам дека ќе ги почитувам границите на пристап на копно, воедно ветувам дека ќе влијаам во одржувањето на возењето моторни санки“

COLTON STURM

Lynx Trail возач на патеки од Michigan

„Спортот, возење на моторни санки каков што ние го знаеме во голема мера зависи од приватно и јавно земјиште. Почитувањето на самиот пристап, претставува единствениот начин како да го одржиме спортот кој сите го сакаме да остане и да биде дел од животите и на идните генерации.“

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО ПРЕЗЕМАЊЕТО НА ЗАЛОЖБАТА

Помогнете ни да ги заштитиме нашите зимски терени и патеки.