КАКО БЕЗБЕДНО ДА ВОЗИТЕ СО СОПАТНИК?

ПРИРОДНО Е ДА САКАМЕ ДА ГО СПОДЕЛИМЕ НАШЕТО OFF-ROAD ИСКУСТВО СО ПРИЈАТЕЛИТЕ И СЕМЕЈСТВОТО - ЗЕМАЊЕТО НА ЛУЃЕТО СО СЕБЕ ЧЕСТО РЕЗУЛТИРА СО УШТЕ ПОУБАВ ПОМИН. ПРЕД ДА ПОРАСНЕ ВОЗБУДАТА КАЈ ВАС И ВАШИОТ ТИМ И ПРЕД ДА ТРГНЕТЕ ДА ГИ ОСВОЈУВАТЕ ПАТЕКИТЕ ОДВОЈТЕ МАЛКУ ВРЕМЕ ЗА ДА СПОДЕЛИТЕ ДЕЛ ОД ВАШЕТО OFF-ROAD ИСКУСТВО СЕ СО ЦЕЛ СИТЕ ДА БИДАТ БЕЗБЕДНИ.

КЛУЧНИ РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАПОМНАТ

  • Пред да тргнете проверете дали безбедносните каиши и кациги се добро намесени.
  • Потсетете ги патниците  постојано да се држат за рачките и во ниеден момент да не ги тргаат екстремитетите надвор од возилото.
  • Патниците додаваат дополнителна  тежина; внимавајте за да почувствувате како влијае на управувањето и при тоа возете во рамките на ограничувањата на возилото.
  • Никогаш не носете патници во товарниот дел или на задната врата (ако возите SSV).
  • Не носете повеќе патници од бројот за кој возилото е дизајнирано.
  • Чувајте ги личните предмети безбедни и складирани.

СОВЕТИ ЗА СЕДЕЊЕ

ATV-а: Вашиот сопатник треба да биде способен да седи исправено, односно потребно е стапалата да му се цврсто поставени на деловите наменети за нозе и правилно да ги допира држачите за совозачот за да остане правилно поставен за проактивно возење.

Side-by-Side возила: Патниците мора да бидат доволно високи за секогаш да седат правилно со грб на потпирачот за грб со врзан појас, држејќи го држачот за раце и при тоа стапалата да се цврсто поставени.

ДОПОЛНИТЕЛНО

  • Научете и вежбајте ги  едноставните сигнали со рака. Раката испружена со дланката надолу може да му сигнализира на возачот „Забави!“; едноставно палците нагоре или палците надолу може да сигнализираат за тоа како секој еден се чувствува.
  • Возете со темпото на вашите патници. Искусен ветеран или не, возењето надвор од патиштата (off-road) може да го земе својот данок, затоа бидете внимателни како што поминува денот и бидете сигурни дека вашите патници се среќни, будни и добро хидрирани.

СИТЕ ВАШИ ПРАШАЊА, ОДГОВОРЕНИ

БЕЗБЕДНОСТА НА ВОЗАЧОТ

ОДВОЕТЕ 15 МИНУТИ ПРЕД СЛЕДНОТО ВОЗЕЊЕ ЗА ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ CAN-AM OFF-ROAD БЕЗБЕДНОСНИТЕ MUST-READ СОВЕТИ

НЕ МОЖЕТЕ ДА ГО НАЈДЕТЕ ТОА ШТО ГО БАРАТЕ?

АКО СЕУШТЕ НЕ МОЖЕТЕ ДА ГО НАЈДЕТЕ ТОА ШТО ГО БАРАТЕ, КОНТАКТИРАЈТЕ ГО НАШИОТ ЛОКАЛЕН ДИЛЕР ИЛИ КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ТУКА!