КОРИСТЕЊЕ НА ВАШЕТО SXS/UTV ИЛИ ATV ВОЗИЛО ЗА РИНЕЊЕ СНЕГ И ЗА ЗАБАВНИ АКТИВНОСТИ ВО ЗИМСКИОТ ПЕРИОД

ВИ ПОМАГАМЕ ДА ГО ПОСТАВИТЕ ВАШЕТО ОФРОУД ВОЗИЛО, ЗА ДА НЕМА ПРОБЛЕМИ ВО УСЛОВИ НА СНЕГ.

Да ја парафразираме една стара поговорка: нема лоши временски услови туку само лоши гуми. Има и причина зошто овие возила се нарекуваат возила за сите терени, и има доволно силни аргументи да ги наречеме и возила за сите годишни времиња. Дизајнирани за сите видови терени, од кал до песок и карпи, ATV и side-by-side возилата (SxS) можат да го покорат секој предизвик кој ќе им го поставите. Со малку подготовка, вашето офроуд возило може да стане господар на длабокиот снег и на тешките зимски услови, па дури и може да ви помогне да се загреете во тие студени денови на самата патека.

Во овој текст, ќе ве потсетиме зошто вашиот ATV или SxS е незаменлива алатка која може да се користи за ринење и за други задачи во зима, а и како извонредно забавно и рекреативно возило во ладните зимски услови.

 

ЗОШТО ВАШИОТ ATV ИЛИ SXS Е СОВРШЕН ЗА ЗИМА

Без разлика дали станува збор за авантури со семејството за време на викенд, за одење на лов со пријатели или за напорна работа на фарма, вашиот ATV или SxS ќе ви овозможи бескрајна забава и корисност. Зошто да не ги искористите предностите на вашето возило преку целата година и подеднакво да уживате во него и во зима? Вашето возило може да се справи со секаков вид длабок песок и кал, а снегот не е исклучок од ова. Едно офроуд возило може да биде исклучително корисно во зима за лесно отстранување на снегот од патот, а штом соседите ќе видат што правите, можеби дури и ќе станете најпопуларната личност во маалото. Работата брзо се претвора во забава кога работата ќе биде завршена, бидејќи патеките покриени со снег се можности за незаборавни зимски денови. Клучот е во тоа добро да го подготвите вашето возило и да имате соодветна опрема што ќе ви помогне да уживате во зимскиот период. Помислете на сите оние незаборавни моменти кои ќе ги поминете со вашиот омилен ATV или SxS, наместо да чмае во гаража во зимскиот период.

 

КОРИСТЕЊЕ НА ATV ИЛИ SIDE-BY-SIDE/UTV ВОЗИЛОТО КАКО ЧИСТАЧ НА СНЕГ

Чистењето на снегот не е омилена активност. Но, кога ќе ги употребите вистинските алатки, тоа сигурно може да стане многу полесно. Во светот на офроуд возила има една мала тајна дека, всушност, ова може да биде и многу забавно. Не можеме ништо да ви ветиме, но можеби ќе ги натерате соседите да почнат тропаат на вашата врата, да ви даваат подароци или да ви ветуваат услуги во замена помош во чистењето на снегот кај нив.

Прикачувањето на плуг на вашиот ATV или SxS овозможува многу побрзо и полесно чистење на големи количества снег, во споредба со другите методи, а можностите за маневрирање на овие возила им овозможуваат да влезат во тесни места каде, инаку, поголемите возила никогаш не би можеле да пристапат. Со огромна тракција и голема моќ, чистењето дури и на најдлабокиот снег станува многу полесно. Всушност, многу луѓе кои живеат во места каде што зимите се појаки ги купуваат овие возила исклучиво за оваа намена.

ШТО ТРЕБА ДА ИМА ЕДЕН ATV ИЛИ SXS ЗА РИНЕЊЕ СНЕГ

Да видиме некои од карактеристиките и додатоците што ќе го олеснат ринењето на снегот со вашето офроуд возило: 

Веројатно најважна карактеристика. Секако дека снегот и мразот се лизгави и влијаат врз тракцијата, што го усложнува и маневрирањето. Нема ништо пофрустрирачки од тоа да заглавите со гумите и тие бесцелно да вртат во половина метар снег поради проблеми со тракцијата, но со 4WD тоа не е никаков проблем. Во суштина, колку е подлабок снегот таму каде што живеете, толку е поважно да се има погонот на сите четири тркала, бидејќи тој прави огромна разлика од аспект на тракција во зимски услови.

Особено е важно да имате ATV или SxS возило кое има доволен вртежен момент, ако планирате да ринете поголеми количини снег. Општото правило е - колку поголема моќност на моторот, толку подобро, но тоа не значи дека помал и помалку моќен мотор не може да се справи со истите проблеми. Всушност, тие можат да се справат со ринење на големи количества снег, само што ќе им треба повеќе време и неколку дополнителни поминувања за да го исчистиме снегот. 

Надвор е студено, па ринењето може да значи и облекување на себе на секакви јакни, чизми, ракавици итн. Но, што ако го направиме ова на потопол начин? Офроуд возила имаат многу опции за работа во студено време, како што е како затворена кабина со греење и прозорци со заштита од премрзнување, како што е случај со side-by-side возилото Can-Am Defender PRO, а некои ATV возила имаат и загреани држачи за да ги загреете рацете. Удобно до крај! 

Снегот е обилен и ринењето навистина може да ги тестира границите на издржливост на машината. Многу офроуд возила се соочуваат со зголемен ризик од дефект ако ринат снег подолго време, па затоа е потребно да побарате јутилити модели кои навистина можат да издржат многу часови на ринење. За среќа, возилата Can-Am се робусно дизајнирани, ги имаат најдобрите можни материјали и се докажано способни да се справат со секоја задача. 

 

Ако вашето ATV или side-by-side возило ги има овие четири елементи, тогаш вие сте подготвени да се справите со зимата и да ринете снег без никакви проблеми! 

 

ШТО ТРЕБА ДА ИМАТЕ ПРЕДВИД ПРЕД РИНЕЊЕ НА СНЕГОТ

Добро, сега знаете кои карактеристики треба да ги барате кај една машина која би работела во зимски услови, но како да се подготвите пред евентуалното ринење или чистење на снег?

Никој не сака да го поправа своето возило додека му завива ветерот и додека паѓа снег. Пред да излезете надвор или пред да се спуштат температурите, проверете дали вашето возило е наместено и дали е во оптимална состојба за возење. Променете го маслото, проверете ги електричните жици и обезбедете дека во сите елементи на вашиот ATV или SxS нема никакви остатоци и дека работат исправно. Повторно проверете го притисокот во гумите и проверете ги шарите дали се излижани. Ако вашата машина користи течност за ладење, многу е важно да ги проверите нивоата на течноста за ладење бидејќи ринењето снег бара многу од моторот и може да предизвика брзо загревање. 

Од витално значење е длабочината на плугот да ја поставите доволно длабоко за да го исчистите снегот, но истовремено и доволно високо за да избегнете гребење на површината одоздола. Гребењето не само што може да ги оштети поплочените површини, туку му прави и дополнителен напор на вашето возило и со тоа потенцијално се  преоптоварува. Длабочината на плугот може да биде различна за различни површини и за различна длабочина на снег, така што тоа е нешто што треба да го правите пред секоја работа. Правилниот агол на плугот зависи од патеката, површината што се рине и каде сакате да го однесете снегот. Правилното поставување на аголот ќе значи помал број на поминувања и ринењето ќе биде многу полесно и почисто. 

Важно е да ја исчистите целата нечистотија и снег од вашето ATV или side-by-side возило и да го исчистиме плугот по завршеното ринење. Неотстранувањето на снегот, мразот и нечистотија додека сè уште се „свежи“ може да значи нивно подоцнежно замрзнување и стврднување како камен. Чистото сечило на плуг полесно го исфрла снегот и е неопходно за добро работење. Да не зборуваме за солта, која може многу брзо да му нанесе голема штета на плугот и на површините на возилото. Избегнувајте корозија и чистете го плугот и возилото по секоја употреба.  

 

Запомнете дека расчистувањето на снегот е голема работа не само за вас, туку и за вашето возило. Можеби тоа е една од најсложените работи што ги барате од вашиот ATV или SxS, и затоа неговото подготвување и одвојувањето време за негово чистење ќе сведе на минимум влијанието на неповолните елементи и ќе го продолжи животот на вашето возило. 

 

ЗАБАВА ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ ЗА ВАШЕТО ATV ИЛИ SIDE-BY-SIDE ВОЗИЛО 

Време е да престанеме да размислуваме за нашиот ATV или SxS како машина која се користи исклучиво за забава при поволни временски услови. Зимата отвора секакви рекреативни можности кога имаме офроуд возило кое е подготвено за предизвиците на студеното време. Освен што е мазен за лизгање и забавен, снегот прави сè да ни изгледа ново и свежо - дури и оние стари патеки на кои веќе сте поминале безброј пати досега. Зимата е исто така совршена можност да ги подобрите вашите офроуд вештини, но сега во полизгави услови, што може да биде совршено за учење на санкање, искачување по нерамни површини и многу повеќе. Зимата нуди несекојдневно искуство за возење по патека што не треба да се пропушти и, сè додека тоа го правиме на безбеден начин, ќе имаме вистински незаборавни моменти. 

Сепак, потребно е да го подготвиме нашето ATV и SxS возило за зима, а некои терени можат да бидат предизвик ако возилото не е опремено со вистинската опрема. Системот за снежни гасеници на вашето возило е огромна надградба, го претвора во целосно нов начин на возење и му овозможува тракција и флотација кои му се потребни на вашето возило за да може да работи. 

Како што видовме погоре, вашето возило најверојатно е веќе добро опремено за да се справи со зимата, а некои надградби може да го направат уште подобро и поудобно во студените месеци. Но, некои теренски возила се создадени за зима, како што се Can-Am Outlander North Edition, кое има ветробранско стакло, загреани држачи и излез за визир, фабрички инсталиран макара, екстра-низок однос на пренос кои се идеални за ринење. 

 

КАКО ДА ГО ПОДГОТВИТЕ ВАШЕТО ATV ИЛИ SXS ВОЗИЛО ЗА ВОЗЕЊЕ ВО ЗИМА?

Пред да излезете на студ, ќе треба топло да се облечете и да земете заштитна опрема. Но, што друго треба да направите за да го подготвите вашето возило за зимско возење? Настрана од рутинското одржување, еве уште некои работи што треба да ги земете предвид: 

Влагата во резервоарот или во доводите за гориво се лоши за вашето возило. Ова е вообичаен проблем во услови на студ, бидејќи како што се менува температурата така е можно во резервоарот да се создава вода во вид на кондензација. Водата или влагата во горивото ќе оневозможат да се вклучи моторот а водата доводите за гориво може да замрзне и да оневозможи гас да дојде до моторот, што ќе му прави проблем на моторот на вашето возило да запали па дури и воопшто да не запали. Стабилизаторот за гориво ќе спречи ова да се случи и ќе го одржува гасот, додека моторот ќе работи непречено. 

Нови свеќички се она што го одржува вашиот моторот да работи без проблем во активна фаза и во фаза на мирување, и буквално ги оживуваат моторите во зимски услови. Иако нема потреба да ги менувате секоја година, зимата е добар период да го направите тоа, особено затоа што не би сакале да бидете изненадени кога ќе се намали температурата. 



По месеците на летно и правливо возење, нормално е филтерот за воздух да биде затнат. Кога снегот лета по патеката и се вшмукува во моторот, тој ќе се претвори во вода, а водата заедно со прашината прават – добро претпоставивте - кал. Филтерот затнат со кал ќе го задуши моторот и ќе го оневозможи протокот на воздух што му е потребен за да работи непречено. Пред да дојде зима, потребно е само набрзина да го издуваме филтерот – ова ќе ни спаси огромни главоболки понатаму. Исто како и свеќичките, зимата е можеби вистинско време да го смените и филтерот, ако поминало време од последното менување.

Маслото овозможува непречена работа на вашето возило. Грубото палење или падот на струјата обично е знак дека на маслото му треба дополнување или промена. Ако веќе редовно го менувате маслото, тогаш веројатно дека е сè во ред, сè додека водите сметка дека нивото на маслото е како што треба и редовно го менувате филтерот за масло. Повторно, ако ви треба потсетник за да го направите тоа, нека биде дел од вообичаеното годишно одржување, заедно со филтерот за воздух и другите потрошни делови.

 

Сега кога вашиот ATV или SxS/UTV е подготвен да се соочи со студот, извадете ја покривката од возилото и подгответе се за возење. 

 

ОСНОВНИ ATV & SXS/UTV ДОДАТОЦИ ЗА ЗИМА

Зимското возење бара малку повеќе опрема и додатоци во споредба со другите годишни времиња, за да бидете безбедни и на топло, додека го ринете снегот или возите по патеката. Од суштинско значење е вие ​​и вашето возило да бидете заштитени во случај нешто да тргне наопаку, па затоа е основна работа е да бидете добро подготвени.

Еве неколку основни додатоци за вас и вашето ATV или side-by-side возило, за да бидете сигурни дека ќе го извлечете максимумот од незаборавното возење во зимскиот период. 

СИСТЕМИ СО ГАСЕНИЦИ ЗА ATV & SXS/UTV

Како што рековме претходно, комплет со гасеници може да го трансформира вашиот ATV или SxS во целосно ново возило. Овие комплети ги заменуваат вашите гуми со систем на гасеници што личат на оние кои ги користат моторите за снег и нудат неверојатни перформанси при длабок снег и груб терен. Тие имаат перформанси кои се подобри од речиси сите гуми во такви услови и ќе го направат возможно невозможното. Вообичаено кога сте со гуми, го избегнувате снегот кој е подлабоко од растојанието кое го има вашето возило од земја, инаку можете да заглавите, но гасениците ви даваат можност да бидете врз длабокиот снег и зимските услови за вас нема да претставуваат никаков проблем. Подобрената тракција, исто така, го влечењето и ринењето а гасениците можат и да го олеснат влечењето во лизгави услови, дури и на стрмни патеки.

Може да биде тешко да се најдат компатибилни системи со гасеници за вашето возило а инсталацијата може да биде голем зафат. За среќа, комплетите со гасеници на Apache кои се дизајнирани специјално за Can-Ams се совпаѓаат со моќноста на моторот на моделот, со шасијата, брзиномерот и работат со DPS серво воланот за да имате совршена контрола. Дознајте повеќе за комплетите со гасеници за Can-Am ATV и SxS возилата од Apache. 

 

РИНЕЊЕ НА СНЕГ КАЈ ATV И SXS/UTV ВОЗИЛ

Ако сте заинтересирани да го користите вашето офроуд возило за отстранување на снег, плугот е задолжителен додаток. Има речиси бесконечен број на опции на пазарот, при што некои го користат постоечкиот механизам со макара за да го подигнат ножот на плугот. Важно е да одвоите време за да го пронајдете компатибилниот систем, а Can-Am го олеснува сето тоа со својот систем за плуг наречен ProMount. Тоа е најбрзиот и најлесниот начин да започнете со чистење на снегот, за кој сте сигурни дека е компатибилен со вашето возило. Дознајте повеќе за ProMount плуговите наменети за Can-Am ATV и SxS возилата. 

 

ЗАТВОРЕНА КАБИНА ЗА SIDE-BY-SIDE/UTV ВОЗИЛА

Да се биде на топло и да се чувствуваме удобно дефинитивно се едни од клучните работи за офроуд зимска забава. Изборот на облека која ќе нè штити од вода и од ветар е од суштинско значење, но тука се и некои додатоци кои можат да го направат вашето возило да биде топло и соодветно засолниште од ладното време. Затворената кабина за вашето SxS/UTV возило е одличен начин вие и вашите патници да се заштитите од временските услови и ќе ви овозможи цели денови да поминете во возење, дури и ако се во прашање најладните месеци. Некои Can-Am модели, како што се Defender Limited и Defender PRO Limited имаат и систем за контрола на температурата кој овозможува греење во возилата.

ДОДАТОЦИ ЗА ГРЕЕЊЕ ЗА ATV И SXS/UTV ВОЗИЛАТА

Има и други додатоци кои можат да бидат многу корисни ако сакате поголема удобност во услови на студено време. Некои модели на ATV и SxS возила имаат греење на седиштата, кои можат да бидат вашиот најдобар пријател на долги студени возења. Ако треба да ги затоплите рацете, тогаш Can-Am нуди можност за додавање на волан кој може да се загрева во вашето side-by-side возило, или загреани држачи на вашиот ATV. Овие додатоци се исто толку неверојатни како што звучат и секојпат кога ќе ги вклучите ќе им бидете благодарни.

Тие се вистински продолжувачи на денот, а повеќето загреани држачи и седишта се релативно едноставни за инсталирање, одговараат на разни модели и имаат веќе жици, така што целата инсталација е едноставна и се прави во еден чекор. Ако сте надвор на ладни и смрзнувачки температури, тие ќе ви ги стоплат прстите и ќе ви овозможат побезбедно и поудобно возење. 

 

ВРЕМЕ ДА УЖИВАМЕ ВО СНЕГОТ!

Ако никогаш не сте доживеале офроуд возење во зима, тогаш малку подготовка и некои додатоци се нештата кои можат да ги претворат летните патеки во зимско волшепство, а расчистување на снег да се претвори во интересна задача. Има навистина многу додатоци, како што се комплети со гасеници, плугови и друго кои ќе го трансформираат вашето офроуд возило во машина за сите годишни времиња, подготвена за сите предизвици. Повеќе нема да има потреба возилото да биде во хибернација во зимскиот период. 

МОЖНО Е И ОВА ДА ТИ СЕ ДОПАЃА

  • ИЗБОР НА НАЈДОБРОТО ATV ИЛИ SIDE-BY-SIDE/UTV ВОЗИЛО ЗА ЛОВ

    ИЗБОР НА НАЈДОБРОТО ATV ИЛИ SIDE-BY-SIDE/UTV ВОЗИЛО ЗА ЛОВ



    Прочитај напис
  • СЕОПФАТЕН ВОДИЧ ЗА КУПУВАЊЕ SIDE-BY-SIDE (SXS) И UTV ВОЗИЛО

    СЕОПФАТЕН ВОДИЧ ЗА КУПУВАЊЕ SIDE-BY-SIDE (SXS) И UTV ВОЗИЛО



    Прочитај напис
  • ВОДИЧ ЗА КУПУВАЊЕ НА ATV/ ВОЗИЛО НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА

    ВОДИЧ ЗА КУПУВАЊЕ НА ATV/ ВОЗИЛО НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА



    Прочитај напис